Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ демонстрираше квалитетна партија и покрај малата минутажа во поразот на Хувентуд од Басконија со 67-68 во 16. коло од шпанската АЦБ лига.
Димитријевиќ мина само нешто помалку од десет минути на паркетот, притоа со 7 постигнати поени и една асистенција.
Хувентуд постојано бркаше негатива на мечот за да на 25 секунди пред крајот стигне и до израмнување (67-67), но гостите буквално во последната секунда со едно погодено слободно фрлање стигнаа со триумф од 67-68.
Најефикасен во триумфот на Басконија беше Шилдс со 20 поени, додека кај Хувентуд Тодоровиќ се издвои со 13 поени и 12 скока.
Хувентуд е на седмата позиција на табелата во АЦБ лигата со девет победи и седум порази, додека Басконија сега со 12 победи и четири порази се израмни со Реал Мадрид на втората позиција, веднаш зад водечката Барселона која има 13 победи и два порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА