Пешевски: Знаеме која е Хрватска, ќе ни биде тешко

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Жарко Пешевски даде свој придонес и во втората победа на овој Мундијал, а пивотот на Мотор со нетрпение ги очекува наредните предизвици во Минхен. Фаворитската улога на денешниот натпревар им припаѓа на Хрватите, но Пешевски и соиграчите се подготвени за борба против избраниците на Лино Червар.

„Како што очекувавме, против Бахреин беше потешко отколку со Јапонија. Го знаевме тоа и затоа влеговме максимално подготвено, трпеливо, внимателно и мислам дека им го скршивме отпорот таму некаде по 15. минута. Знаевме што сакаме на овој натпревар и на крајот заслужено победивме. Наредните три натпревари, почнувајќи од денешниот со Хрватска, се сосема поинакви. Имаме кратко време за подготовка, знаеме која е Хрватска и мислам дека уште во моментот кога ќе ја напуштиме салата ќе почнеме да се подготвуваме за неа. Ќе ни биде тешко, но дефинитивно нема да се предадеме“ – истакна Пешевски.

Се вчитува...