„Коцкестите“ побројни – „фалангата“ повпечатлива… Минхен сјае во црвено-жолто (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Покрај „војната“ на паркетот денеска од 18 часот меѓу Македонија и Хрватска на Светското ракометно првенство 2019, во Минхен без сомнение ќе има и тоа сериозно „надмудрување“ и на трибините. На мегдан навивачките групи на двете селекции кои на Мундијалот 2019 имаат најголема поддршка од трибините.

Факт е дека „коцкестите“ со побројни од македонската „фаланга“. Хрватската селекција на претходните два натпревари имаше поддршка од повеќе од 5.000 навивачи на трибините во Минхен. Но, иако помалкубројни, не помалку значајна, духовита, впечатлива, е и поддршката од македонските фанови за Кире, Борко, Столе, Дејан и останатите.

Денеска, за дуелот со Хрватска, се очекува дополнително пристигнување македонски фанови во Минхен кои треба да помогнат во желбата со триумф против „коцкестите“ да се стигне и до битка за едно од првите три позиции во Групата Б. А, дотогаш низ фотографии мало освежување со црвено-жолтиот сјај од Минхен…

 

 

Се вчитува...