По 30 години од најголемата спортска несреќа во Британија и една од најголемите спортски трагедии во светот, катастрофата на Хилсборо во која животот го загубија 69 лица, а над 700 беа повредени, британските власти го почнуваат процесот за расчистување на одговорноста. Тогашниот шеф на полицијата ќе одговара за убиство од небрежност, а покрај него ќе одговараат уште пет лица кои меѓу другото ќе одговараат и за тоа што се обиделе да ја прикријат одговорноста на полицијата.
Несреќата се случи во 1989 година на полуфиналето од ФА купот во кое се сретнаа Ливерпул и Нотингам Форест. На стадионот со капацитет од 30.000, на натпреварот имало 50.000 навивачи. Веднаш по несреќата одговорноста беше лоцирана кај полицијата, но обвиненија немаше многу долго време.
Семејствата на жртвите водеа децениска битка и преку независна истрага во 2012 година дојдоа до документи кои потврдуваат дека полицијата се обидела да се скрие вистината.
На 15.април годинава ќе биде триесетгодишнина од трагедијата, се очекува судењето да биде прекинато во седмицата во која ќе се одржуваат одбележувањата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА