Македонската ракометна репрезентација не игра согласно посакувањата на дуелот против Хрватска во 3. коло на Светското првенство во Германија и во Данска.
Македонија има негатива од пет гола на полувремето (11-16), но негативата и не е така важна, ако се суди по играта која, објективно, не ветува сериозна можност за изненадување во второто полувреме.
Единствена светла точка во македонската селекција е Дејан Манасков кој има пет гола во досегашниот тек на мечот, одржувајќи надеж за пресврт и радост во вториот дел.
Интересно, од 11 погодоци на македонската селекција два беа преку брз центар на Филип Талевски по примен гол…, а капитенот Кире Лазаров е со два погодоци по првите 30 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА