ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Македонските ракометари за првпат ја почувствуваа горчината на поразот на Мундијалот. Поразени се од Хрватска со убедлив резултат (22-31) иако во најголем тек од мечот се држеа добро. Пикерот Стојанче Стоилов вели дека не беше противникот толку силен, колку што Македонија не одигра според очекувањата.
„Не бевме на потребното ниво. Во одреден дел од натпреварот успеавме да парираме, но направивме многу грешки, промашивме зицери. Тоа беше клучно. Мислам дека Хрватска не одигра толку моќно, колку што ние бевме под своето ниво. Но, одиме понатаму, можеме ние да се носиме и со Шпанија и со Исланд. Да одмориме и да гледаме напред“, изјави Стојанче Стоилов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА