Емотивно враќање на Тони Паркер во Сан Антонио (ВИДЕО)

Легендата на Сан Антонио, Тони Паркер се врати во Тексас. Со новиот клуб, Шарлот беше на гостување кај тимот во кој мина 17 години и со кој освои четри шампионски прстени во НБА лигата.


Стоечки овации, аплаузи и силни емоции, вака во Тексас до пречекаа францускиот кошаркар кој во 2001 година беше 28. пик на „Спарс“, веднаш го облече дресот на екипата и освои шампионски прстени во 2003, 2005, 2007 и во 2014 година. Во 2007 година беше МВП на финалната серија.

 

Паркер кој е најдобриот асистент во историјата на Сан Антонио го поздравија и поранешните соиграчи Дејвид Робинсон и Борис Дијао. Шарлот и Паркер инаку забележаа победа на гостувањето од 108-93.

Се вчитува...