Уште еден македонски репрезентативец е на списокот желби на Лацио за трансфер во зимскиот преоден рок. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Стефан Ристовски е цел на „лацијалите“ кои оваа зима се во потрага по десен бек. Како што е познато, претходно беа објавени информации и за Аријан Адеми како една од желбите на Лацио.
Прва трансферна цел на тимот од Рим е бекот на Челси, Давиде Запакоска. Но, доколу не се успее во таа „мисија“ тогаш втор на листата според пишувањето на Италијанците е Стефан Ристовски за кого Лацио е подготвен да издвои пет милиони евра.
Наводно, веќе се почнати и првите контакти меѓу двата клуба на темата Ристовски, но засега сето тоа е далеку од поконкретна можност за реализација на договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА