Македонскиот ракометен вицепрвак, Металург кој во продлжението од сезоната ќе се бори само во СЕХА лигата откако беше елиминиран по групниот сегмент во Лигата на шампионите, од утре подготовките ги продолжува во Франција. Екипата на Данило Брестовц које е без репрезентативците што настапуваат на Светското првенство десетина дена работеше во Скопје.
Во Гренобл, Металург ќе настапи на престижниот турнир “Мастер Гренобл“, заедно со домаќинот, со шпанската Бидасоа Ирун, моментално второпласирана во Асобал-лигата, како и со францускиот Истра. Турнирот ќе се одигра на 19 и 20 јануари. Првиот ден ќе се одиграат двете полуфинални средби, а следниот ден натпреварот за третото место и финалето.
По овој турнир, во периодот од 22 до 24 јануари, Металург ќе одигра три пријателски средби на кои ќе ги измери силите со француските екипи Екс Прованс, Ним и Ст. Рафаел.
Прв натпревар во 2019 година за Металург е дуелот од СЕХА лигата на 2. февруари против Загреб во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА