ГОЛЕМА БОРБА… „Екстра Кире“, „Супер Митревски“ – Македонија рамноправна со „фуријата“

Македонската ракометна репрезентација го игра можеби најдоброто полувреме на Мундијалот 2019 во Германија, рамноправно парирајќи на европскиот шампион Шпанија кој има предност по првите 30 минути од 12-13 во 4. коло од Групата Б.

Раул Гонзалес изненадувачки со голманот Никола Митревски го почна мечот и тоа се покажа како полн погодок. Токму Митревски, заедно со капитенот Лазаров, со 11 одбрани е најзаслужниот за нашата рамноправност со „црвената фурија“.

Одлично почнавме стигнувајќи до предност од 6-3 во првите 12 минути. Потоа Шпанците заиграа поагресивно во одбраната и успеаја и да дојдат до пресврт со прво водство од 7-8 во 20. минута. До крајот во феноменална игра гол за гол се стигнавме до 12-12, но во последната секунда Шпанците стигнаа постигнаа гол за предност од 12-13 на полувремето.

Македонската селекција има извонредна поддршка и од „Фалангата“ која е осми играч за составот на Раул Гонзалес во Минхен.

Се вчитува...