Стоилов: Само утре нека биде поинаку, да ги погодиме чистите шутеви

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Македонија има за што да жали на денешниот дуел со Шпанија, пред се поради бројните промашувања во првото полувреме во кое мораше да се замине со предност против големиот фаворит, наместо со „минус еден“, кои потоа експресно се претворија во „минус шест“ и пораз по само 33 минути игра. Стојанче Стоилов повторно како и против Хрватска беше разочаран од реализацијата на чистите шутеви, сегмент од играта во кој македонските шутери денеска потфрлија.

„Од петта брзина одеднаш заигравме во прва, навистина не знам што да кажам. Повторно ни се повтори приказната од мечот со Хрватска, промашивме многу шанси и тоа е тоа – кога не реализираш ќе те казнат. Потоа немаше смисла да продолжиме, бидејќи утре пред нас е многу поважен натпревар. Искрено се надевам дека утре ќе биде поинаку, дека ќе ги искористиме шансите. Има енергија во нашата игра, има борбеност, се што треба да направиме е да го пребродиме проблемот со падовите на концентрацијата што ни се случуваат. Мораме да одржиме некое ниво“ – истакна Стоилов.

 

Се вчитува...