За 200 денари бодрете ја футсал-селекцијата во квалификациите за СП против Грција

Билетите за претквалификацискиот турнир во футсал за пласман на Светското првенство кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе се продаваат по цена од 200 денари, одлучи Управниот одбор на ФФМ.

На турнирот од Групата Ц, Македонија како домаќин е во групата заедно со Албанија, Грција и Сан Марино. Претквалификациите ќе се играат од 31. јануари до 3. февруари. Според правилникот на УЕФА првопласираните две репрезентации од групата ќе обезбедат место во главната рунда натпревари од квалификациите за СП.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – ФУТСАЛ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП

1.КОЛО (31. јануари)

Албанија – Сан Марино (17:30 ч.)
МАКЕДОНИЈА – Грција (20:00 ч.)

2. КОЛО (1. февруари)

Грција – Албанија (17:30 ч.)
МАКЕДОНИЈА – Сан Марино (20:00 ч.)

3. КОЛО (3. февруари)

Сан Марино – Грција (17:30 ч.)
Албанија – МАКЕДОНИЈА (20:00 ч.)

Се вчитува...