Борко: Сите мораме многу подобро за да го победиме Исланд

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Двата порази од Хрватска и од Шпанија, колку и да беа очекувани сепак малку ја нарушија атмосферата во македонскиот национален тим во пресрет на денешниот клучен дуел со селекцијата на Исланд. Сепак, „црвено-жолтите“ се оптимисти дека го имаат она што е потребно за да се мине денешната пречка и да се одржи континуитетот, на сите големи натпреварувања од 2012 во Србија да се мине првата групна фаза.

„Секако дека веруваме во победа над Исланд, но исто така и јасно ни е дека сите ќе мораме да играме многу подобро за да стигнеме до резултатот што го посакуваме. Ова се однесува на нас најискусните, но и на оние помладите кои би можеле да добијат шанса и ќе треба да дадат се од себе за да остават свој придонес за да можеме да се радуваме на крајот“ – истакнува Борко Ристоски во пресрет на денешниот натпревар.

Се вчитува...