ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Ракометната репрезентација на Македонија има водство од 13-11 против Исланд по првото полувреме од последниот меч во групната фаза на Мундијалот во Германија. Со триумф ќе обезбедиме пласман во главната фаза од Светското првенство и пласман меѓу најдобрите 12 селекции во светот.
Раул Гонзалес уште на стартот почна со тактиката ’7 на 6’, веднаш и погрешивме, а Гунарсон тоа го казни. Но, потоа Филип Лазаров и Пешевски постигнаа два гола за водство на Македонија од 2-1. Исланѓаните повторно погрешија, а Гоце Георгиевски од противнапад донесе два позитива за „црвено-жолтите“. Од другата крилна позиција се појави и Дејан Манасков, и Македонија поведе со 4-1 во осмата минута.
Исланѓаните постигнаа два гола во низа, Кире Лазаров не реализира седмерец, а во 13.минута противникот стигна и до израмнување.
Македонија повторно се одлепи со погодоците на Кире Лазаров и на Пешевски. Се разбранија и голманите, Борко Ристовски, но и Исланѓанецот Густафсон, а со тоа им овозможи на соиграчите нови лесни голови – и ново израмнување (6-6) во 19.минута.
Се влезе во игра гол за гол, и семафорот покажуваше 9-9 во 23.минута. Талески донесе ново водство за Македонија, а Борко Ристовски му одбрани седмерец на Гунарсон. Потоа Кире Лазаров покажа како се изведува рутински удар од 7 метри за 11-9. Возврати Арнор Гунарсон од десната крилна позиција.
Пред самиот крај, Кире Лазаров постигна погодок за водство на Македонија од 13-11 на полувремето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

