Одиме во Келн, ама на „Президент куп“: Прв меч против Русите

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Денешниот пораз (22-24) од Исланд значи и дефинитивно освојување на четвртото место во групата и прекин на континуитетот од пласмани во втората рунда од европските и светските шампионати. Со ваквиот развој на настаните, Македонија ќе разигрува во „Президент купот“ во Келн за пласман од 13. до 16. место заедно со останатите четвртопласирани селекции од групите.

Прв противник на Македонија ќе биде селекцијата на Русија, која го освои четвртото место во групата „А“, натпревар што ќе биде на програмата в сабота со почеток во 13 часот.

Се вчитува...