Макаби Тел Авив стигна до осмата победа во Евролигата, совладувајќи ја убедливо Барселона со 99-83. Каталонскиот тим се спаси од катастрофа со оглед дека израелскиот состав по три четвртини имаше неверојатна предност (85-52). Сепак, во последниот период тимот на Светислав Пешиќ го ублажи поразот.
Тарик Блек постигна 16 поени во победничкиот тим, а Скоти Вилбекин и Џони О’Брајант беа стрелци на 15 поени.
Олимпијакос го совлада Химки со 71-57. Костас Папаниколау и Саша Везенков со по 14 кошеви беа предводници во составот на Олимпијакос.
ЦСКА Москва беше поуспешна од Баерн Минхен на домашен терен и славеше со 77-70. Рускиот претставник одигра одлична последна четвртина ја доби со 25-13 и со пресврт стигна до победата. Вил Клајбурн со 20 поени беше носител на играта кај „армејците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА