Кошаркарите на Анадолу Ефес без никакви проблеми стигнаа до 13-та победа во 19. коло од Евролигата, славејќи на домашен терен против Дарушафака убедливо со 82-68.
Од самиот почеток на мечот Ефес наметна ритам кој гостите едноставно не можеа да го следат. Веќе по првото полувреме домашните имаа предност од 20 поени, по што беше сосема јасно кој е кој на натпреварот.
Во второто полувреме само рутински домашните кошаркари ја одржуваа предноста за конечни 14 поени разлика.
Најефикасен во победничкиот состав беше Адријан Морман со 15 поени, а со 11 поени мечот го заврши Василије Мичиќ. Кај Дарушафака се издвои Тони Даглас со 17 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА