Житников: Разочарани сме, но мора со сите сили да го одиграме Мундијалот до крај

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски

Ракометната репрезентација на Русија е првиот ривал на Македонија во „Ланксес арена“ во Келн, во разврската за пласман од 13. до 16. место на Светското првенство во Германија. Ниту „зборнаја“ немаше најсреќен епилог во првата фаза, не успеа да се протне меѓу 12-те селекции кои ќе разигруваат за висок пласман. Дмитри Житников признава дека постои разочараност и во рускиот национален тим.

„Разочарани сме, игравме добро, но некои натпревари ги загубивме несреќно. Не успеавме да влеземе во главната фаза и сега играме како „за утеха“ во Келн. Но, мораме да смогнеме сили и да го одиграме на високо ниво овој Мундијал до крајот. Македонија е квалитетна репрезентација, која исто така заслужува да биде дел од главната фаза, но секогаш желбите не се исполнуваат во спортот. Очекувам еден добар натпревар и наша победа“, изјави Житников.

 

Се вчитува...