ЕКИПА во Келн,
Стеван Цаневски
Раул Гонзалес го претрпе и четвртиот пораз во серија на клупата на македонската репрезентација, овојпат од селекцијата на Русија предводена од неговиот поранешен соработник од Вадар, Едуард Кокшаров. Руските ракометари речиси цел натпревар имаа водство, во нашата игра имаше премногу осцилации, а Раул по фијаското со „седум на шест“ се реши за тактика „шест на шест“ во поголемиот дел од натпреварот, за првпат на овој Мундијал.
„Пред се честитки за Русија, која играше добро и во групната фаза и денеска заслужено победиви. Почнавме „седум на шест“, но направивме многу грешки против нивната цврста одбрана. Беа подобри од нас, промашивме и шутеви од отворени позиции. Се боревме до крајот, но немавме шанса да се вратиме во натпреварот бидејќи противникот го контролираше натпреварот. Не можам да сум задоволен бидејќи загубивме, но не сум задоволен ни што не се пласиравме во главната фаза. Сите добија шанса, генерално гледано не игравме лошо, но треба да разберете дека игравме пет натпревари на кои се спремавме како за финале, а кога не успеавме против Исланд нормално е да дојде до пад. Затоа денеска не бевме на 100% од своите можности“ – истакна Гонзалес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА