ЕКИПА во Келн,
Стеван Цаневски
Повторувањето на грешките од претходните натпревари беше рак-рана за македонските ракометари и на денешниот дуел со Русија. Повторно противничкиот голман беше избран за најдобар играч на натпреварот, доволен доказ дека причината за поразот лежи во слабото издание во нападот на нашиот национален тим.
„Цело првенство имавме добри голмани и игравме одлично во одбраната, но и денеска како и на претходните натпревари имавме проблеми со реализација на зицерите. Тоа е главната причина и за овој пораз денеска, како и за фактот што не се пласиравме во главната рунда“ – истакна Стоилов на денешната прес-конференција по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА