Борусија Дортмунд ја одржува предноста во однос на Баерн Минхен откако „милионерите“ вечерва дојдоа до огромни три бода на жешкото гостување против Лајпциг, триумфирајќи со минимални 0-1 на теренот на незгодниот ривал.
Тренерот Фавр не можеше да смета на услугите на Марко Ројс, но Борусија и без помошта на капитенот стигна до посакуваниот триумф. Најзаслужен за него е Алекс Витсел, кој го постигна единствениот погодок со прецизен удар од десетина метри уште во 19. минута, по што гостите ја одржаа минималната предност до самиот крај.
Борусија Дортмунд со оваа победа останува убедливо на чело на бундеслигашката табела со 45 бода, шест повеќе од второпласираниот Баерн Минхен и „плус девет“ во однос на Борусија Менхенгладбах на третото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА