Металург во финалето на турнирот „Мастер Гренобл“ во Франција

Ракометарите на Металург ќе играат во финалето на интернационалниот турнир „Мастер Гренобл“ во Франција, откако во денешната полуфинална пресметка славеа против домаќинот Гренобл со 28-27 (13-12).

Во главно израмнет натпревар, „металурзите“ на крајот заслужено стигнале до победата за позитивен почеток на подготовките за вториот дел од шампионатот во Македонија.

Во утрешното финале Металург ќе игра против подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу француска Истра и шпанската Бидасоа.

По овој турнир, како што е познато, Металург ќе одигра уште три пријателски натпревари во Франција, против Екс Прованс, Ним и Сент Рафаел.

Се вчитува...