Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски постигна хет – трик во триумфот на АЕК Ларнака над Докса (0-5) на гости и стана најдобар стрелец во историјата на клубот, надминувајќи го рекордот на Жоан Томас. Тричко сега има 36 гола во дресот на АЕК Ларнака, но и покрај клупскиот рекорд остана скромен.
„Радосни сме што успеавме да оствариме убедлива победа по лошиот период на неколку меча без триумф. Се надевам дека ќе продолжиме во ист стил и понатаму. Што се однесува до мене, убаво е чувството да бидеш најдобар клупски стрелец, но најважно ми е тимот да победува“, изјави Иван Тричковски за кипарските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА