Полскиот интернационалец Кжиштоф Пјатек ќе ја продолжи кариерата во Милан. Соиграчот на Горан Пандев кој има фантастичен старт на сезоната во Серија А со 13 гола на 19 натпревари, до утре треба да го комплетира трансферот на „Сан Сиро“. Тој во наредните шест месеци треба да биде позајмен играч, но потоа Милан треба да го откупи неговиот договор од Џенова.
Преговорите меѓу двата клуба се уште траат, а во Џенова би можел да се пресели Ален Халиловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА