Отсуството на Лионел Меси е големо изненадување од страна на Ернесто Валверде во пресрет на првиот четвртфинален натпревар од Копа дел реј меѓу Севилја и Барселона. Со оглед на квалитетот на противникот се очекуваше Барса да настапи во најсилен состав на „Санчез Пизхуан“, но Валверде сепак реши да му даде одмор на својот најдобар фудбалер.
Покрај Меси, во тимот во Севилја ќе го нема ниту Серхио Бускетс, но затоа меѓу 19-те играчи на списокот на Валверде се најде и Кевин Принс Боатенг. Новиот офанзивец денеска го комплетираше трансферот од Сасуоло, но тренерот на Барса сака што поскоро да го види на дело, па за очекување е тој да се појави во тимот во второто полувреме од ова незгодно гостување.
Валверде во тимот ги вклули и Малком и Денис Суарез, за кои се најавува дека во текот на овој месец би можеле да си заминат од клубот, како и младите Рики Пуиг и Ориол Бускетс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА