Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората го договори враќањето во Ла Лига. Тој во наредните 18 месеци како позајмен фудбалер од Челси ќе настапува за Атлетико Мадрид. Раководството на „јорганџиите“ за позајмицата ќе плати 7,5 милиони евра, а во договорот ќе има и клаузула за комплетно откупување на напаѓачот за сума од 40 милиони евра.
Мората дојде во Челси во летото 2017 година од Реал Мадрид за 66 милиони евра, но шпанскиот интернационалец не ги исполни во целост очекувањата. Првата сезона постигна 11 гола во Премиер – лигата, а оваа сезона запиша само пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА