Барселона го купи мегаталентот: Френки де Јонг од јуни на „Камп Ноу“

Холандскиот фудбалски мегаталент, фудбалерот на Ајакс, Френки де Јонг од јуни ќе биде нов фудбалер на Барселона. Тој во рекорден трансфер од 90 милиони евра ќе се пресели на „Камп Ноу“. Раководството на Барселона успеа да излезе победник во трката за одличниот играч за врска кој има 21 година и веќе е еден од лидерите во составот на Ајакс. Неговиот трансфер ќе биде најскап во историјата на холандскиот фудбал.

Де Јонг беше на чекор до Пари Сен Жермен, но раководството на Барселона успеа да ги искористи одличните релации и преку Марк Овермарс стигна до потписот на Френки де Јонг. Тој беше еден од најпосакуваните фудбалери на трансфер-пазарот, го бараа ПСЖ, Реал Мадрид, Манчестер сити, Јувентус…

Младиот фудбалер во Барселона ќе има годишна плата од 10 милиони евра, плус дополнителни бонуси, кои заработката можат да ја зголемат и до фантастични 16 милиони евра по сезона.

Се вчитува...