Металург загуби од петтопласираниот тим во францускиот шампионат екипата на Ним во рамките на турнејата низ Франција. „Металурзите“ пружајќи сериозен отпор, иако без четворица стандардни првотимци на подготовките во Франција, беа поразени со 31-26 (21-13).
По завршувањето на турнирот “Мастерс Гренобл“, како што нагласуваат од клубот, резултатот на трите пријателски средби е во втор план, зад желбата на тренерот Данило Брестовац да создаде максимално воигран тим во кој би се зголемил бројот на расположливи ракометари во ротација.
Металург одигра многу подобар натпревар од синоќешниот меч со Екс ан Прованс и доживеа пораз од само пет голови разлика. Најдобар кај македонскиот тим беше голманот Томовски со 14 одбрани, додека во нападот посебно се истакна Шилегов со седум голови.
До крајот на турнејата остана да се одигра уште само еден натпревар, кој се игра утре во Ст. Рафаел, со почеток од 17:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА