Критики од Сари: Азар не е лидер на Челси

Слабите настапи на Челси во Премиер-лигата и губењето на чекорот со водечките екипи на табелата крена тензија во таборот на „сините“. Стратегот Маурицио Сари не крие дека е разочаран од игрите на својата екипа, но вчера за првпат јавно го критикуваше најдобриот фудбалер на тимот, Еден Азар.

„Имаме проблеми, а еден од нив е што ни недостига вистински лидер во тимот. Сите зборуваат за Азар, тој е извонреден талент, но многу повеќе е индивидуалец отколку лидер на екипата. Азар може да ви добие натпревар за една минута, можеби е еден од најдобрите фудбалери во светот во моментов, но тој не е лидер“ – истакна Сари.

Останува да се види реакцијата на Азар, веќе на вечерашниот полуфинален натпревар од лига-купот на Англија против Тотенхем на кој на „сините“ ќе им биде неопходна помош од Белгиецот за да ја надополнат негативата од 1-0 од првиот натпревар.

Се вчитува...