Олимписки шампион ќе се бори со канцер на патот кон Игрите во Токио

Петкратниот олиписки шампион, американскиот пливач Нејтан Едријан боледува од рак на тестиси. Веста ја објави на социјалните мрежи со најава дека ќе ја победи тешката болест и ќе се бори за учество на Олимписките игри во Токио во 2020 година.

Едријан има четири златни медали со штафетата на САД, а од Игрите во Лондон има и поеднично злато на 100 метри слободно. На оваа колекција ги додава и две сребра и еден бронзен медал.

Животот може жестоко да те удри. Болеста ја открив во рана фаза, го почнав лечењето и прогнозата е добра. Во базенот ќе се вратам за неколку седмици и сакам да обезбедам место во Токио“ – напиша триесетгодишниот пливач.

 

Се вчитува...