Солскјер најде ново засилување за Јунајтед во Италија

Манчестер Јунајтед се претвори во победничка машинерија откако си замина Жозе Мурињо и на клупата седна Оле Гунар Солскјер. „Црвените ѓаволи“ гледаат дека сезоната не е загубена и ќе се обидат да изборат пласман во Лигата на шампионите. А Норвежанецот ќе добие пари и за едно значајно засилување во средниот ред. Тој пронајде млад и талентиран фудбалер во Серија А.

Солскјер посакува да го види Николо Барела, играчот за врска на Калјари, на „Олд Трафорд“. Подготвен е да плати 60 милиони евра и да го земе пред носот на Челси, Ливерпул, Интер и на Јувентус.

Калјари би се согласил да остане без својата голема надеж доколку ја добие бараната сума, а преговорите со Манчестер Јунајтед се веќе во тек.

 

Се вчитува...