Еурофарм Работник двапати загуби од Железничар на Веселин Вујовиќ (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Работник доживеаја два порази на пријателските натпревар против Железничар кои се одиграа вчера и денеска во Ниш.

Во денешниот втор меѓусебен натпревар, кој се одигра претпладнево салата „Чаир“ во Ниш, составот на Веселин Вујовиќ победи со 34-29 (16-15).

Во првиот меѓусебен натпревар, пак, одигран синоќа домаќинот Железничар славеше со пресврт со 26-24. По првото полувреме Еурофарм Работник имаше предност од 10-15, но во второто полувреме српските ракометари после 42 минута заиграа далеку поагресивно во одбраната и успеаја да стигнат до пресврт победа.

Најефикасен кај Еурофарм Работник во првиот меч беше репрезентативецот Филип Кузмановски со 9 гола, Ѓукиќ постигна шест погодоци а новото засилување Црногорецот Радовиќ мечот го заврши со четири постигнати гола.

Се вчитува...