Гвардиола го посакува Себастијан Руди меѓу „граѓаните“

Англискиот првак Манчестер сити сака да ја засили конкуренцијата во средниот ред. Менаџерот Пеп Гвардиола посакува германскиот репрезентативец Себастијан Руди да пристигне на „Етихад“. За него е подготвен да плати 35 милиони фунти. Тој инсистира да го доведе Руди на позајмица до крајот на сезоната, а потоа автоматски да биде откупен неговиот договор со Шалке 04.

Шпанскиот стратег смета дека позицијата на последен играч за врска, каде настапува Фернандињо, е можеби единствената за која нема дополнителна опција. Токму затоа сака да го засили составот со Себастијан Руди. Тој беше одличен во дресот на Хофенхајм, потоа имаше епизода и во Баерн Минхен каде не успеа да се наметне, а повторно се пронајде во тимот на Шалке 04.

Се вчитува...