Желсон Мартинс ќе го спасува Монако од испаѓање

Ниту враќањето на стариот тренер Жардим не му помогна на Монако на синоќешниот дуел со Дижон, по кој стана јасно дека на „кнезовите“ ќе им бидат неопходни и квалитетни засилувања за да можат да се задржат во елитата. Раководството на поранешниот француски првак реагираше експресно, па денеска потпиша договор со Желсон Мартинс, кој пристигнува на позајмица од редовите на Атлетико Мадрид.

Португалецот беше најавуван како големо засилување од Спортинг Лисабон, но не ги оправда очекувањата на тренерот Симеоне. Тој настапи на само 12 средби, севкупно во сите натпреварувања, па Симеоне даде зелено светло за позајмица до крајот на сезонава.

Во ситуација кога опциите на Монако во нападот се максимално лимитирани, за очекување е Мартинс да биде од голема помош на „кнезовите“ во битката за опстанок. Монако моментно се наоѓа на претпоследното место на табелата со само 15 освоени бода по 22 одиграни натпревари.

Се вчитува...