Џеко даде гол по три и пол месеци, Рома прокоцка 0-3 во Бергамо

Ниту будењето на Един Џеко од голгетерски сон не помогна Рома да слави на гостувањето против Аталанта, каде „волчицата“ имаше предност од три гола, но на крајот сепак мораше да се задоволи само со еден бод (3-3). Џеко постигна гол на самиот почеток од мечот, прекинувајќи ги својот пост што траеше уште од 6 октомври, период во кој Босанецот имаше упатено 36 удари кон противничкиот гол без да ја затресе мрежата. Истиот фудбалер зголеми на 0-2, а кога Ел Шарави зголеми на 0-3 се чинеше дека прашањето на победникот е решено.

Сепак, Аталанта постигна гол пред крајот на првото полувреме, што им даде крилја на домашните фудбалери во вторите 45 минути. При резултат 2-3 Запата во 70. минута не реализираше пенал, но само една минута подоцна истиот фудбалер биеше прецизно, за голема радост на домашните фанови во Бергамо.

Парма прокоцка предност од 2-0 на домашен терен и на крајот загуби од СПАЛ со 2-3, а пред своите гледачи се посрамотија и фудбалерите на Болоња, кои загубија од Фросиноне со 0-4.

Резултати Италија:

Киево – Фиорентина 3-4, Болоња – Фросиноне 0-4, Парма – СПАЛ 2-3, Аталанта – Рома 3-3

Се вчитува...