Блокотехна уште еднаш го преслуша Фени

Блокотехна експресно се врати на победнички патеки по поразот од МЗТ Скопје, откако тимот од Гевгелија вечерва славеше над Фени индустри со резултат 77-70. Кавадарчани се покажаа како незгоден ривал, но Блокотехна и без помошта на Младеновиќ успеа да го скрши нивниот отпор со фуриозната завршница во последната четвртина од натпреварот.

Првата четвртина донесе израмнета игра и минимална предност на Блокотехна од 17-16, но Фени заигра многу подобро на стартот од вториот период и поведе дури и со двоцифрена предност (20-30). Домаќините заиграа далеку подобро во одбраната во завршницата од полувремето, во последните четири и пол минути не примија ниту еден поен, па на одмор се замина со израмнети 30-30.

Тактичкото надмудрување на двајцата тренери продолжи и во текот на второто полувреме, Блокотехна почесто беше во предност, но гостите од Кавадарци јасно ставија до знаење дека немаат намера да се предадат во битката за бодовите. Марјан Илиевски побара тајмаут при израмнети 51-51 во последната четвртина, по што неговиот тим направи серија од 8-0 и си обезбеди предност што знаеше како да ја сочува до самиот крај.

Американецот Пен со 18 поени беше најефикасен во Блокотехна, по 15 постигнаа Николиќ и Мијатовиќ, додека на гостинскиот тим не му помогна ниту одличното издание и 30-те поени на Фундербург.

Се вчитува...