Кога ќе каже сер Алекс: Меси е ’поголем’ од Марадона!

Вечна е дилемата за Аргентинците, но и за целиот фудбалски свет, кој е подобар – Диего Армандо Марадона или Лионел Меси. Двете фудбалски божества на Аргентина секогаш ги компарираат, а својот став го изнесе и легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон.

„Немам дилеми, Лионел Меси е подобар, би го поддржал тука мислењето на Грем Сунес. Марадона беше неверојатен фудбалски талент, но неговата кариера на највисоко ниво траеше само неколку години. Меси повеќе од една деценија е на самиот врв во светскиот фудбал“, изјави сер Алекс Фергусон.

Лионел Меси има 33 трофеи со Барселона, но го нема освоено најважниот пехар. На Диего Марадона тоа му успеа, со Аргентина да стане светски првак.

Се вчитува...