Капитенот на македонскта репрезентација, Кирил Лазаров се најде во Топ 10 стрелци на Светското првенство 2019 кое изминатиов период се одржуваше во Германија и во Данска.
И покрај фактот дека одигра само седум натпревари на Мундијалот 2019, за разлика од останатите ракометари на топ листата кои имаа по десет меча, Лазаров со 48 гола се најде на шестото место на листата на најдобрите стрелци.
Прв на листата е Данецот Микел Хансен кој е и МВП на првенството со 72 гола, а втор е Норвежанецот Магнус Јондал со 59 погодоци. Феран Соле е на третата позиција со 58 гола, пред Уве Генсхајмер од Германија и Сандор Сагесен од Норвешка кои имаат по 56 погодоци.
Меѓу најдобрите 30 стрелци е и Дејан Манасков кој првенството го заврши со 33 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА