Жозе Мурињо би го заменил Нико Ковач во Баерн Минхен

Жозе Мурињо го одбил Реал Мадрид поради неприфатливата политика за него за форсирање на младите играчи, а и поради лошите односи со капитенот Серхио Рамос. За Португалецот веќе и Интер не е опција со оглед дека клубот преговара со Антонио Конте, па пред Мурињо сега се потенцијалните опции, Пари Сен Жермен  и Баерн Минхен.

Германскиот клуб во декември веќе му ја понудил работата на Нико Ковач, но Мурињо одбил бидејќи не сакал да преземе клуб на половина сезона. Сепак, на лето би можел да се пресели во Минхен со оглед дека се поизвесно е оти Хрватот нема да остане на „Алијанц арена“ по завршувањето на сезоната.

Во игра за Мурињо бил и Пари Сен Жермен, но и тоа од следната сезона, ако Тухел не успее да ја освои Лигата на шампионите со францускиот првак.

 

Се вчитува...