По Иниеста и Торес: Јапонците го сакаат и Робен

Челниците на јапонските клубови се амбициозни во обидите да донесат во своите редови што повеќе европски асови кои се наоѓаат на залезот на кариерата. Андрес Иниеста и Фернандо Торес во 2018 година се преселија на Далечниот Исток, а големи се шанситедека по нивните стапки ќе тргне и Арјен Робен.

Холандскиот офанзивец има договор со Баерн до крајот на јуни, а веќе е објавено дека нема да дојде до продолжување на соработката меѓу двете страни. Робен има понуди од Интер и од ПСВ Ајндховен, но според последните информации најголеми шанси во трката за негов ангажман имаат клубовите од Јапонија кои покажаа интерес да го доведат во своите редови.

„Конкретна понуда нема, но од она што се говори висината ќе биде многу поголема од оние од европските клубови. Затоа и Јапонија е најреална опција за Арјен во моментов“ – открива близок пријател на Холанѓанецот.

Новата сезона во јапонското првенство стартува на 23 февруари, но Робен би се преселил во далечната земја дури во текот на летото, по истекот на актуелниот договор со Баерн Минхен на 30 јуни.

Се вчитува...