Маруан Фелаини ќе ја продолжи својата кариера во Кина откако Манчестер јунајтед ги договори деталите од продажбата на белгискиот фудбалер. Белгиецот важеше за значаен „џокер“ од клупата во ерата на Жозе Мурињо, но откако од страна на Оле Гунар Солскјер му беше ставено до знаење дека не е дел од плановите за екипата, Фелаини експресно ја почна потрагата по нов клуб.
Најдобрата понуда пристигна од Кина, поточно од клубот Шандонг Луненг, кој му нуди на овој фудбалер плата од над 10 милиони евра по сезона, понуда премногу добра за да биде одбиена. Воедно, подготвени се и осум милиони евра како отштета што би ја заработил Манчестер јунајтед/
Фелаини е во Манчестер јунајтед од 2013 година и имаше важна улога во тимот во ерата на Жозе Мурињо. Со доаѓањето на Оле Гунар Солскјер веќе не добива шанса. Белгиецот наводно веќе и разговарал со управата на Јунајтед за трансферот. Кинезите испратиле делегација за да преговара со премиерлигашот. Tрансфер периодот во Кина трае до 28 февруари, но се очекува преговорите да завршат до крајот на јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА