Делови од авионот на Сала пронајдени на плажа во Франција

Приватната потрага по авионот на Емилијано Сала, спонзорирана од семејството и од бројни фудбалски ѕвезди, ги даде првите резултати откако денеска беа пронајдени делови од авионот што се урна на патот од Нант до Кардиф.

Акцентот во претходната официјална потрага беше ставен на британскиот дел од морето и копното, па токму затоа изненадувачки е што остатоците се пронајдени на францускиот дел од каналот, поточно на плажа во близина на градот Суренвиј, на северозападниот брег од Франција.

Француските власти обелоденија дека е пронајден дел од седиште, за кој се верува дека бил дел од авионот за кој се трагаше во изминатите денови. Нешто подоцна беше пронајден дел од уште едно авионско седиште“ – соопштија француските медиуми.

Во новата приватна потрага се користи и мала подморница, која сега ќе го „скенира“ реонот под водата во близина на најдените предмети.

Потрагата продолжува…

Се вчитува...