Францускиот првак Пари Сен Жермен ќе се обиде да го купи Бразилецот Вилијан од Челси во последните часови од зимскиот преоден рок. Раководството на „светците“ испрати понуда вредна 50 милиони фунти со надеж дека ќе успее да го доведе крилниот офанзивец на „Паркот на принцовите“. Тој треба да биде замена за повредениот сонародник Нејмар, кој ќе отсуствува најмалку десет седмици од фудбалските терени.
Сепак, Челси не се откажува така лесно од еден од најдобрите фудбалери. Клубот од „Стемфорд бриџ“ очекува најмалку 70 милиони фунти за да му дозволи на Бразилецот да замине за Париз. На потег е ПСЖ, со нова понуда во „пет до дванаесет“ да го купува Вилијан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА