Турскиот гигант Галатасарај го доведе грчкиот интернационалец Костас Митроглу. Тој во наредните 18 месеци како позајмен играч од Олимпик Марсеј ќе игра на „Турк Телеком арена“. Во договорот меѓу двата клуба нема опција за комплетно откупување на договорот.
Галатасарај води голема битка со Башакшехир за шампионската титула во првенството на Турција. До крајот на преодниот рок Галата ќе се засили и со Мбаје Диане од Кашимпаша.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА