Македонската футсал репрезентација со триумф (5-3) над Грција го стартуваше претквалификацискиот турнир за пласман во елитната рунда од квалификациите за Светското првенство. Неочекувано драматичен меч се одигра во малата сала во „Јане Сандански“. Македонија имаше сигурно водство од 3-0, но потоа дозволи Грците да израмнат (3-3). Сепак, во 38.минута од дуелот, Марио Крстевски постигна четврти погодок за нашиот национален тим, а во последните мигови ја потврди победата и со петти гол.
Димче Андов во третата минута донесе водство за Македонија, Садат Зибери зголеми на 2-0, а капитенот Зоран Левески во 16.минута постигна и трет гол за нашиот национален тим.
По одморот, Грците влегоа многу помотовирани во второто полувреме. Хараламбос Ставракопулос намали на 3-1, а потоа Димитриос Тарлас со два голам донесе израмнување. За среќа, Марио Крстевски да се „лизне“ победата за Македонија.
Во првиот меч од денешната програма, Албанија го совлада Сан Марино со 5-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА