Панатинаикос им го нанесе и осмиот пораз на кошаркарите на Анадолу Ефес во 21. коло од Евролигата. Грците во Атина славеа со 88-75 на тој начин стигнувајќи до деветтата своја победа во најквалитетното европско клупско натпреварување.
Од самиот почеток домашните кошаркари наметнаа силен ритам одржувајќи го до самиот финиш, во ниту еден момент не доведувајќи ја победата под знак прашање.
Предводник во триумфот на Панатинаикос беше Ник Калатес со „дабл-дабл“ ефект од 20 поени, 13 асистенции и 8 скока. Кај поразените Крунослав Симон имаше 14 поени, дополнети и со четири скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА