Голманот на Баерн Минхен и германски репрезентативец Мануел Нојер заработи повреда на прстот на раката и нема да биде во составот на Нико Ковач на денешното гостување против Баер Леверкузен, објави клубот. Стравувањата на баварскиот тим се дали тој ќе биде подготвен за настап на првиот осминафинален натпревар против Ливерпул на 19 февруари.
Нојер го пропуштил вчерашниот тренинг и заминал на детални лекарски прегледи, а според првичните сознанија не се работи за скршеница на прстот. На голот на Баерн Минхен на денешниот дуел во Леверкузен ќе застане Свен Улрих.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА