Македонскиот одбојкарски прволигаш Вардар успеа значително да го засили својот состав со ангажманот на репрезентативецот Ѓоко Јосифов. Заедно со повратникот Ристо Клопчески, тие ќе формираат силна блокерска двојка на средината од мрежата на „црвено-црните“.
Составот на Вардар е дополнително е засилен и со екс-репрезентативецот Влатко Трајчевски, кој треба да ја засили конкуренцијата во редот на примачите. Вардарци очигледно имаат големи амбиции во пресрет на вториот дел од сезоната во македонскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА