Манчестер Сити го совлада Арсенал со 3-1 на „Етихад“ и се врати на второто место на табелата во Премиер – лигата. Творец на триумфот беше аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро кој постигна хет – трик на овој меч, вкупно негов десетти откако настапува во англискиот шампионат.
Агуеро по само 48 секунди го отвори резултатот откако се најде на вистинското место по нафрлувањето од левата страна. Арсенал израмни брзо, со погодокот на Кошиелни по корнерот од левата страна.
Но, Сити тргна многу поофанзивно и пред самиот крај на полувремето Агуеро уште еднаш ја затресе мрежата на Бернд Лено. Во вториот дел, во 61.минута Аргентинецот комплетираше хет – трик за конечен триумф на Манчестер Сити од 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА