ФОТО НА ДЕНОТ: Македонска икона, многу повеќе од „играч број 5“: Стоилов го бодреше футсал-тимот против Албанија

Македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов беше на трибините во СЦ „Јане Сандански“ и го бодреше националниот футсал тим на дуелот против Албанија. Пред неполн месец беше во фокусот на јавноста откако го напушти изборот за најдобар спортист во хотелот „Александар Палас“ поради употреба на двојазичност, а потоа скандалозно беше нарекуван „играчот со број 5“ во коментар на вториот канал на Македонската телевизија.

Стоилов донесе среќа, Македонија победи, а триумфот беше прославен еуфорично.

 

Се вчитува...